Гејтс смета дека вакцината за Covid-19 мора да биде глобално достапна

Се очекува дека вакцината против новиот коронавирус кој ја предизвикува болеста Covid-19 може да биде развиена до крајот на годинава.

Во разговорот за американката телевизиска мрежа Fox News, еден од најбогатите луѓе на плантедата вели дека мора брзо да се работи на развојот на новата вкадција во „милијарди дози“.

Развиените земја како САД, продолжи основачот на „Microsoft“, порано или подоцна ќе можат да е борат со вирусот, но тој мора да биде поразен во целиот свет.

„Работите нема вистински да се вратат во нормалата сѐ додека вакцината не биде достапна практични на целиот свет“, рече Гејтс кој минатата седмица ја повика американката администрација во борбата против коронавирусот да започне со градење погони за развојот на најперспективните вакцини.

Тоа може да доведе до загуба на милиони долари, бидејќи некои вакцини веројатно никогаш нема да бидат потребни и приватните компании не можат да го преземат тој ризик, појасни Гејтс.

„Приватните компании не може да го преземата овој ризик, но сојузната влада може“, оцени Гејтс, додавајќи дека тоа е единствениот начин да се обезбедни масовно производство на вакцината.

Фоднацијата на Бил Гејтс, којашто главно финансира здравствени програми, издвои 105 милиони долари за борбата против актуелната пандемија на коронавирусот.