Гејтс знае што можеше да го измени текот на пандемијата на Covid-19

Пандемијата на коронавирусот ќе имаше сосема поинаков тек доколку научниците успеаја да развијат лек порано, бидејќи терапиите се од суштинско значење во време на избувнувањето на некоја болест, а одложувањето на нивното производство во иднина траба да се избегнува, вели милијардерот и основач на технолошкиот гигант „Microsoft“, Бил Гејтс во статијата објавена во The New York Times.

Гејтс пишува дека до моментот кога се појавиле првите лекарства за коронавирусот SARS-CoV-2, поголемиот дел од светската популација примил барем една доза од вакцината против коронавирусната болест Covid-19.

„Пандемијата на коронавирусот ќе течеше многу поинаку доколку научниците можеа да ги развијат лекот порано“, пишува Гејтс додавајќи дека, особено, стапката на смртност веројатно би била многу помала.

Милијардерот забележува дека во случај на нова пандемија, дури и доколку е можно да се развие вакцина против новиот патоген за 100 дена, сепак, ќе биде потребно многу време за да се вакцинира мнозинството од населението. Покрај тоа, тоа не го прави секој кој има можност да се вакцинира, па и затоа во секој случај ќе бидат потребни добри терапевтски лекови.

Според Гејтс, првиот чекор во создавањето антивирусен агенс е да се идентификува генетскиот код на вирусот и протеините коишто се најважни за него. Тогаш обично се потребни неколку години до фазата на претклиничките испитувања. Доколку таа мине успешно, тогаш научниците минуваат на клиничките испитувања врз луѓе, за да видат дали препаратот предизвикува некакви несакани појави и за да ја одредат вистинската доза. Кога ќе се утврди дека лекот е безбеден и ефикасен, научниците аплицираат за негово одобрување, по што може да започен производството. Тешкотијата може да се состои во обезбедувањето на лекарствата за сите кои има потреба, пишува Гејтс.

Еден од најбогатите луѓе на планетата верува дека постојат начини да се забрза и рационализира овој процес, без да се жртвува сигурноста и безбедноста. Поточно, да се создадат големи „библиотеки“ со соединенија на лекови, така што истражувачите ќе можат брзо да проверат дали постоечките третмани имаат ефект против новите патогени, како и активирањето на вродениот имунитет и вложувањето во развојот на вештачката интелигенција.