Генерал Арсовски: Ако го изгубиме името треба да си плукнеме в лице

Многумина на оваа наша Република Македонија и се заканувале. Не успеале, нема ни сега да успеат, истакна на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје, Генерал Митре Арсовски.

Гордо звучи името Македонец, Македонија. Ако тоа го изгубиме треба да си плукнеме в лице сите, посочи Арсовски.

Вели дека Армијата е само еден сегмент во одбраната на Македонија, оти таа е ‘рбетот, и дека доколку некој успее да го скрши, веќе Македонија нема да постои.

-Долго време политиката се мачи, дали во Македонија да воведе регрутен систем или да имаме платена армија, потенцира Аросвски, додавајќи дека ќе мораме да научиме да си ја браниме државата.

Во врска со Тиранската платформа, Генералот вели дека не сака ниту да ја спомнува, бидејќи како што вели, таа не е негова, туку таа е туѓа платформа.

Арсовски посочи и дека интелектуалците во Македонија треба да направат платформа.

-Во нашата декларација мора да пишува „Оној Македонец кој ја предаде својата држава, нека оди сам во затвор“, истакна Арсовски.Гордо звучи името Македонец, Македонија. Ако тоа го изгубиме треба да си плукнеме в лице сите, посочи Арсовски.

Вели дека Армијата е само еден сегмент во одбраната на Македонија, оти таа е ‘рбетот, и дека доколку некој успее да го скрши, веќе Македонија нема да постои.

-Долго време политиката се мачи, дали во Македонија да воведе регрутен систем или да имаме платена армија, потенцира Аросвски, додавајќи дека ќе мораме да научиме да си ја браниме државата.

Во врска со Тиранската платформа, Генералот вели дека не сака ниту да ја спомнува, бидејќи како што вели, таа не е негова, туку таа е туѓа платформа.

Арсовски посочи и дека интелектуалците во Македонија треба да направат платформа.

-Во нашата декларација мора да пишува „Оној Македонец кој ја предаде својата држава, нека оди сам во затвор“, истакна Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.