Генерал стана министер за здравство во Бразил

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го именуваше во средата генералот Едуардo Pазуељо за нов министер за здравство, откако двајца негови претходници поднесоа оставки образложувајќи ги со несогласување со пристапот на претседателот кон епидемијата со коронавируост.

Генералот Едуардо Пазуељо веќе ја извршува должноста привремен министер за здравство, откако Нелсон Таиш се повлече од должноста пред повеќе од две седмици.

Болсонаро изјави дека очекува генералот, кој нема никакво претходно искуство во здравството, да остане долго на должноста.

„Тој е добар менаџер и ќе има добар тим лекари зад себе“, рече бразилскиот претседател.

Медиумите истакнуваат дека додека Пазуељо ја извршуваше должноста привремен министер за здравство, владата го препорача користењето на лекот против маларијата за лекување на пациентите со Covid-19, иако веќе имаше предупредување за неговите загрижувачки нус појави. Истовремено, Бразил доби и помош од САД во два милиона дози од антималарискиот лек хидроксихлорикин.

Медиумите, исто така, забележуваат дека во бразилската влада сѐ повеќе има личности со воено минато. Впрочем, и самиот ултраконзервативен претседател Болсонаро е поранешен офицер на копнените војски.

Бразил досега има речиси 600 илјади заразени и скоро 32 илјади починати од коронавирусот.