„Генералка викенд” во општина Кисела Вода

Од утрото активно се чисти низ цела општина Кисела Вода. Вклучена е целата општинска админстрација, сезонските рабоници, градинките и училиштата, волонтери, кои го собираат отпадот од сите месни и урбани заедници. Во тек е големата еколошка акција која ја спроведува Општина Кисела Вода, како дел од иницијативата насловена „Генералка Викенд”, чии организатори се компанијата „Man and mountain” заедно со „ПАКОМАК” и граѓанската организација „Нула отпад”.

– Собирањето на комуналниот и кабастиот отпад и косењето на тревните површини преку организирани акции е една од активностите кои ние, како локална самоуправа, ги спроведуваме редовно, но и дополнително, доколку се утврди потреба на некоја локација. Како дел од нашиот акциски план, со уште една организирана еколошка акција, Општина Кисела Вода започна уште минатата седмица. Нашите сезонски работници во сите месни и урбани заедници косат, чистат, кабастиот отпад бесплатно го собираат од околу 220 семејства кои се пријавија на нашиот повик. Денес акцијата ни е уште помасовна, во партнерство со организацијата МЕН ЕНД МАУНТИН, на кои сакам да им честитам за одличната идеја и организација и се надевам дека сите заедно ќе ја постигнеме визијата за чисти и еколошки општини со граѓани со високо развиена свест за одржување на здрава животна околинa-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.