16.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Генералниот секретар на СДСМ одговорен за три случаи на непотизам

Дури три случаи на непотизам откри Дрќавната комисија за спречување корупција при вработувањето на блиските луѓе на генералниот секретар на влдејачката СДСМ, Александар Кирацоски.

Антикорупциска соопшти дека непосредно пред да биде објавени огласот на кој била вработена сестрата на Александар Кирацоски, Мирјана Јосифовска во Централен регистар, со систематизација на работните места бил зголемен бројот на советници за дистрибуција на информатички податоци од два на три, а како услов за вработување било наведено дека се бараат лица со завршен Факултет по географија со што  останатите кандидати кои се пријавиле биле дисквалификувани поради несоодветно образование. Уште повеќе, по вработувањето Јосифовска била испратена да работи во одделението во Битола, каде што и живее.

За таткото на сопругата на Кирацоски кој бил ангажиран во РЕК Битола, Антикорупцсика побара да се утврди одговорност од генералниот директор на РЕК Битола за што ќе ја информира и Владата.

„Директорот на РЕК Битола требало да објави оглас, а не да ангажира лица преку Агенција за привремени вработувања. Борче Поповски дедо на Кирацоски бил привремено ангажиран во РЕК Битола, но договорот му бил продолжен“, соопштија од ДКСК.

По реакциите во јавноста, Поповски се повлече од работното место.

И мајката на сопругата на Кирацоски била вработена со непотизам. Антикорупциска утврди дека таа била вработена во училишниот дом „Мирка Гинова“ во Битола како технички секретар на работно место кое било создадено непосредно пред да биде објавен огласот.