Генералното собрание на ОН со осуда за американското ембарго врз Куба

7

Генералното собрание на ОН го осуди американското економско ембарго на Куба веќе 28. година по ред, со што ги отфрли критиките на САД за злоупотреби на човековите права на Хавана и ги критикуваше заострените мерки на Вашингтон.

За Резолуцијата во која се осудува ембаргото во САД гласаа 187 членки на ОН, против беа само три – САД, Израел и Бразил, додека Колумбија и Украина беа воздржани. Бразил е прва јужноамериканска држава што галсаше против резолуцијата во изминатите пет години.

Минатата година за осуда на ембаргото гласаа 189 членки, а САД и Израел се спротиставија на тоа. Молдавија не гласаше сега ниту минатата година.

Резолуциите на ГС на ОН не се правно обврзувачки или извршни, но тие го одразуваат ставот на светското јавно мислење.

САД го воведоа ембаргото на Куба во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро и национализацијата на имотот на американските граѓани и корпорации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.