Генсекот на Данела Арсовска се степал со обезбедувањето во град Скопје

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, денеска се пресметувал со обезбедувањето во институцијата, објави „Република“, пренесува НетПрес. Засега не се познати причините за инцидентот.

Се чекаат одговори од СВР Скопје дали нападот бил пријавен и дали реагирала скопската полиција.

Глигоров на јавноста и’ стана познат откако побегна од новинарските прашања, кога Арсовска го испрати него да прочита изјава за блокадите и хаосот со јавниот превоз, а таа не се појави на прес-конференција. Тој беше опоменат за „игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос кон новинарските екипи“ од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).