Георгиевски ќе игра против Кил

Десното ктило на ракометен вицешампион Металург, Гоце Георгиевски би  требало да биде дел од тимот на Лино Червар за натпреварот против германскиот гигант Кил.

„Почнав да тренирам со топка, заедно со остатокот од тимот. Се чувствувам многу подобро и доколку не дојде до компликации, очекувам да се најдам во тимот за дуелот против Кил. Нема потреба да се објаснува каков тим е Кил, нормално е тие да бидат фаворити, но ние дефинитивно нема да се предадеме. Во Скопје играме одлично цела сезона, очекувам да продолжиме во ист ритам и в сабота. Клучно ќе биде да ги запреме нивните контри и полуконтри, што им овозможува да постигнуваат по триесетина погодоци на натпревар“,  вели Георгиевски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.