Георгиевски на чекор до медал на Олимпијадата во Токио

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на Олимпискиот турнир во Токио.

Македонецот утрово во категоријата +80 го победи Сејду Гбане од Брегот на слоновата коска со 9:4.

Воведните две минути минаа во тактичка борба и без освоен бод на двете страни. Борбата се разгори во втората рунда која ја доби македонскиот претставник со 3:1. Во третата рудна Георгиевски доминираше и стигна до триумф.

Следен противник на Георгиевски е Ин од Кореја. Оваа борба е закажана за 9:45 часот по македонско време.

Петходно Георгиевски се пласира во четвртфиналето откако рано утрово го победи актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба.

Македонецот ја доби првата рунда со 5:1, иако противникот го освои првиот поен. Дејан ја зголеми предноста по втората рунда која изнесуваше седум поени (10:3). На крајот Георгиевски успеа да слави со 11:8.