Георгиевски најдобро десно крило во Романија

40

Искусниот македонски репрезентативец, Гоце Георгиевски го понесе признанието за најдобро десно крило во Романија.

Македонскиот ракометарс, во моментов член на ЧСМ Букурешт, доби најмногу гласови во изборот на Pro Sport, односно се најде во идеалниот тим во кој уште беа Сеиад Хиедарирад (Динамо Букурешт), Милан Котрч (Баја Маре), Анте Кудуз (Динамо Букурешт), Камел Алуини (Динамо), Мариус Садовеак (Темишвар) и Немања Грбовиќ од Стеауа.

Хрватот Анте Кудуз беше прогласен за најкорисен играч за сезоната 2019/2020, најдобар млад ракометар е Чаба Ливиу, додека награда за најдобар дефанзивец му порипадна на Дан Савенко.

Георгиевски од 2016 година игра во Романија, но има понуди да се врати во Македонија, па останува дa се почека на неговата конечна одлука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.