Георгиевски останува дел од РК Вардар

Шампионот на Македонија, РК Вардар 1961 полека но сигурно го составува тимот за новата натпреварувачка сезона. Левата и десната крилна позиција во тимот е решена уште отсега.

На лево крило ќе настапуваат искусниот Дибиров и Чувара, додека пак на десната страна ќе делуваат Ѓукиќ и репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски.

Георгиевски ги оправда очекувањата од него оваа сезона и со сигурност останува дел од тимот и во новата, односно договорот ќе се испочитува до крајот.

Георгиевски настапува во сѐ подобра форма откако доби шанса да игра како стартно десно крило, а дека се наоѓа во одлична форма покажуваат и игрите за репрезентацијата на Македонија, каде популарниот „Џомба“ скоро и да не греши во својата реализација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.