Георгиевски: Со помош на Бугарите го ослободивме Скопје

ВМРО-Народна партија се приклучува кон честитките по повод „13-ти ноември – Денот на ослободувањето на Скопје“, информира преку социјалните мрежи претседателот на ова апартија, Љубчо Георгиевски.
„На тој ден македонските партизани со помош на првата бугарска армија во тешка борба ги разбија германските и албанските фашисти кои во тој момент го држеле градот под контрола“, пишува Георгиевски на ФБ.