Георгиевски за БГНЕС: И покрај „длабоката држава“ во Македонија, сакаме приближување кон Бугарија

70

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели Љубчо Георгиевски во интервју за БГНЕС. Тој вели дека има многу омраза кон Бугарија од политичари, новинари, професори…

– „Длабоката држава” во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија, вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност, во суштина, тие не се сите Македонци – вели  Георгиевски.

Тој твриди дека  југословенската историографија ја призна македонската нација како најмлада на Балканот, но на односите со соседите антиквизацијата на Никола Груевски  нанесе тежок удар.

Тој вели дека претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев даваат многу смели изјави и тоа треба да им се признае. Посебно ја изразува желбата на премиерот за пријателство со Бугарија.

– Бојко Борисов и Зоран Заев мора да најдат решение и да тргнат кон вистинско приближување. Бугарското вето ќе им нанесе голема штета на двете земји и ќе ги мобилизира просрпските сили во нашата земја – вели Георгиевски.

Тој зборува и за превирањата во зејава околу прашањата кои се покренуваат меѓу двете земји.

– Од бугарска страна, никој не сака промена на нашиот Устав и нов Договор. Ова лично го слушнав од бугарските политичари. Софија сака спроведување на Договорот од 2017 година и конкретни резултати од работата на Мешовитиот комитет за историски прашања – вели Георгиевски.

Тој наведува дека Македонците треба да знаат за убиствата и теророт по 1945 година.

Георгиевски смета дека сепак има позитивни процеси кои ги зближуваат двете земји и ја надминуваат омразата кон Бугарија во земјава.

– Пред 4-5 години, ако некој земе бугарски пасош, тој беше распнат од јавноста, од соседи, роднини. Денес, добивањето бугарски пасош е нормално и не е проблем. Голем проблем пред години беше да се слушне бугарска песна во јавноста. Ако се сеќавате пред ковид-19 во пограничните градови како Струмица, Крива Паланка и Делчево, во многу ресторани можевте да видите бугарски туристи како нарачуваат бугарска музика. Музичарите знаат бугарски и сега во Македонија може да се слушнат не само српски песни. Ако сакаме да слушаме македонски песни, мора да дојдеме во Бугарија – рече Георгиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.