Герасимовски: Градежен инспектор на Општина Центар затвори градилиште на булевар „Никола Карев“

Градежен инспектор на Општина Центар денеска изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на булевар „Никола Карев“, каде се гради објект за кој нема издадено одобрение за градење, информира градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

„Станува збор за нелегален објект на непознат инвеститор, за кој е издадено и решение за отстранување. Апелираме до сите инвеститори, при почеток на изградба да ја поседуваат целосната документација. Во спротивно, објектите нема да бидат легални, ќе добијат решенија за отстранување, а доколку сами не ги отстранат, општината ќе го стори тоа, со што трошокот ќе падне на товар на инвеститорите, односно сопствениците“, соопшти Герасимовски.