Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ja демантира информацијата дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во скопското училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде што учеше киднапираната и убиен 14-годишна Вања Ѓорчевска.
„Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола, на хрватски новинари да влезат во училишето. Влезот е строго контролиран и дозвола за влез може да даде само директорката на училиштето“, напиша Герасимовки на Facebook.
Претходно медиумите пренесоа репортажа на загрепскиот дневен весник Jutarnji list во врска со убиството на ученичката Вања Ѓорчевска што го потресе и регионот, во која меѓу другот беше објавено дека директорката на училиштето избркала новинарски екипи кои сакале да фотографираат, а како што рекле имале дозвола од градоначалникот Герасимовски.
Новинарите разговарале со наставничката на Вања, која ја извести мајката дека таа не дошла во училиште денот на нејзиното исчезнување.