Гереро ќе паузира 14 месеци

Капетанот на фудбалската репрезентација на Перу, Паоло Гереро ќе мора да паузира  14 месеци поради суспензијата за допинг бидејќи му беше одбиена и втората жалба пред федералниот суд во Швајцарија.

Гереро, поранешен играч на „Баерн“ Минхен, а сега на бразилски „Интернационал“ беше позитивен на бензоил- хексагоналното соединение, кое е метаболит на кокаинот, минатиот октомври по натпреварот против Аргентина во квалификациите за Светското првенство во Русија, .

Иако Перуанецот тврдел дека супстанцијата пронајдена во неговиот организам потекнувала од  чај со лисја од кока, Трибуналот за спортска арбитража во Лозана го суспенираше на 14 месеци.

Гереро потоа поднесе жалба до највисокиот суд, во овој случај Швајцарскиот сојузен суд, кој привремено ја суспендирал неговата казна, па фудбалерот  можеше да игра за Перу на Мундијал во Русија.

Сепак, суспензијата беше ставена во сила кон крајот на август, а новата жалба пред Сојузниот суд на Швајцарија не успеа, па Перуанецот ќе биде “присилен одмор”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.