Герет Бејл во МЛС, заедно со Кјелини во Лос Анџелес

Капитенот на велшката фудбалска репрезентација 32-годишниот Герет Бејл, европските стадиони ќе ги замени со американските во МЛС лигата и ќе игра за ФК Лос Анџелос, во кој во јуни мина и италијанскиот ветеран стоперот Џорџо Кјелини.

Вејл од 2013 година беше член на шпанскиот великан Реал Мадрид во пристигна од лондонски Тотенхем за тогаш рекордните 85 милиони фунти. Со „кралскиот клуб“ пет пати ја освои Лигата на шампионите, трипати беше шампион на Шпанија а еднаш и победник на шпанскиот Куп на кралот.

Во последните две сезони поради повреди и намалена форма одигра значително помалку натпревари отколку во првите шест години минати во Мадрид.

Поради тоа во британските медиуми се проширија шпекулациите дека Бејл би можел да ја заврши кариерата, доколку селекцијата не успее да се пласира на Светското првенство во Катар оваа зима. Но Велшаните во натпреварот од доигрувањето во Кардиф ја победија Украина и првпат по 1958 година изборија пласман на завршниот турнир на мундијалите.

Меѓу можните нови дестинации на Бејл беше споменуван и англискиот второлигаш Кардиф Сити, каде капитенот на селекцијата би можело да биде под постојан надзор на медицинскиот тим.

Но на крајот Бејл се реши да го смени континентот во лигашкото натпреварување кои започна во февруари, а основниот дел од сезоната ќе заврши во октомври. Велшанецот на Лос Анџелес ќе му се приклучи на 7-ми јули, кога ќе биде отворен вториот преоден рок.

Тренер на екипата на некогашниот американски репрезентативец Стив Черундоло, а ЛАФК моментално е на врвот на табелата на Западната конференција на МЛС лигата. До крајот на основниот дел од сезоната ќе одигра уште 19 натпревари.

Доигрувањето во МЛС ќе трае до 5-ти ноември, кога на распоредот е финалниот натпревар. Тоа е точно 16 дена пред што репрезентацијата на Велс треба да ја одигра првиот меч на мундијалот со селекцијата со САД. Во групата Б уште се уште Англија и Иран.