Гермаците почнаа да штедат енергија, го намалија времето на туширање

Апелите на германската влада, пред сѐ на министерот за економија, Роберт Хабек, граѓаните да штедат енергија со помалку туширање, вродија со плод, покажа истражувањето на институтот ИНСА. Поради заштеда, целосно ги сменија хигиенските навики.

Ова барање доведе 62 отсто од Германците да се тушираат пократко и поретко отколку пред само неколку недели. Од друга страна, 35 отсто тврдат дека не ги промениле навиките за туширање.

Поддржувачите на партијата Зелени, 33 отсто, почесто од другите гласачи велат дека го намалиле времетраењето и зачестеноста на туширањето.
И Германците со помали примања изјавилеа дека на овој начин штедат енергија.

Скоро секој втор Германец, или 45 проценти од иститаните, рекле дека имаат преземено мерки на претпазливост за студената зима, односно имаат намера тоа да го направат наскоро, на пример, преку набавка на генератори за струја и слично.

Интересно е и тоа што 44 отсто од граѓаните најавиле дека сакаат и дека ќе учествуваат на евентуалните демонстрации против високите цени на енергенсите, пренесува Танјуг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.