Германче се обидело да избега од земјата поради лоши оценки

Десетгодишно момченце од северна Германија се обидело да побегне од земјата стравувајќи од реакцијата на родителите поради лошите оценки на училиште, објави во саботата тамошната полиција.

Наместо од училиште да замине дома, момченцето се качило на воз од Шлезвиг, во близина на границата со Данска кон Хамбург. Таму се качило на друг воз за Базел во Швајцарија.

Кондуктерот забележал дека детето патува само и ја повикал полицијата ов градот Лоерах, во близина на Базел, но од германската страна на границата.

ОД полицијата велат дека десетгодишникот, кој во Лореах го чекал својот татко, малку претерал, имено училишната година ја завршил со просечна оценка тројка.