Германците сакаат суптилни бои за автомобилите и сѐ повеќе зелената

Повеќето купувачи на автомобили во Германија се решавале за автомобили во сива/сребрена, црна или бела боја минатата година, објави германското здружение на автомобилската индустрија VDA.

Во една од овие три наведени бои се 77,3 отсто од новите регистрирани автомобили во периодот меѓу јануари и ноември. Претходната 2021 година нивниот удел изнесувал 75,9 отсто.

Речиси секој трет автомобил бил во сивата категорија, која ја вклучува и сребрената боја. Сови-сребрената е на врвот на оваа листа уште од 2015 година, според статистиката на VDA.

Малку повеќе процентуално од секој четврти нов автомобил бил со црна боја. Белата е на третото место со удел од 20 отсто, додека во 2006 година само 1,6 отсто од купувачите на нови автомобили се решавале токму за бел автомобил.

Бројот на купените возила со зелена боја се зголемил за дури 25,7 отсто во однос на претходните години, што претставува најголемиот пораст кај сите бои, се наведува во статистиката на VDA.