Германците се главно песимисти околу позитивниот развој на земјата во иднина

Сѐ повеќе жители на Германија гледаат песимистички на иднината на својата земја, а повеќето од нив за тоа ја обвинуваат политиката, произлегува од истражувањето на јавното мнение објавено во четвртокот.

„Само 31 отсто од испитаниците веруваат дека Германија во следните десет години ќе се развива во позитивна насока“, произлегува од резултатот на истражувањето коешто за дневниот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) го спровел институтот Allensbach.

Според истото истражување само 39 отсто од Германија за 10 до 15 години ја гледаат меѓу водечките економски сили. Во последните истражувања од овој вид пред пет години оваа бројка беше чувствителна повисока и тогаш 59 отсто од испитаниците сметаа дека Германија ќе биде меѓу водечките економски сили во светот.

Само 14 отсто од испитаниците веруваат дека Германија од кризата изминатите години ќе излезе зајакната. Истовремено, повеќе од 50 отсто од испитаниците сметаат дека уште сега многу нешта во земјата не функционираат.

Главната вина за ваквиот развој на случувањата дури 79 отсто од испитаниците, пред сѐ, ја гледаат во државните институции коишто со претераниот нормативизам ги блокираат напредокот и модернизацијата.

Довербата особено е намалената во германското здравство, коешто уште во 2017 година 81 отсто од испитаниците го доживуваат како силна страна Германија, додека денес тоа го сметаат само 60 отсто од испитаниците.

Како што коментира FAZ, падот на довербата во функционалното германско општество придонеле и проблемите во сообраќајната инфраструктура кои предизвикуваат чести застои во патниот и во железничкиот сообраќај, каскањето на Германија кога станува збор за дигитализацијата, како и слабата опременост на германските училишта.