Германците се прашуваат: „Што се случува со Меркел?“

„Ние можеме“ – е порака која постојано ја повторува германската канцеларка откако се обврза дека ќе даде азил на секој кој доаѓа од Сирија и останатите земји погодени од војна.

Нејзините зборови се преточија во еуфорија меѓу обичните Германци, кои буквално излегоа на улица и почнаа да волонтираат за помош на збунетите и дезориентирани институции за да можат да се носат со бегалската криза, која до крајот на годината би можела во Германија да донесе речиси милион луѓе. Но, во меѓувреме, почетниот занес почна да бледее. Првиот знак беше воведување на полициска контрола на границата со Австрија пред десетина дена, за да се канализира реката луѓе во вистинска насока.

Сојузните држави се повеќе се бунат дека не добиваат доволно помош, а Меркел својата политика на „отворени врати“ мора да ја правда дури и пред сопствената партија (Хриистијанската демократска унија).

Многумина се повеќе се сомневаат во мантрата на Меркел „Ние можеме“, посебно што таквите изјави, некалкулрани и лишени од тактичко промислување, се многу радикални поместувања, од нејзината неодамнешна вообичаена реторика.

Што влегло во Ангела Меркел? Германците мислеле дека добро ја познаваат својата канцеларка, чија популарност во голем дел се должи на нејзината предвидливост и внимателност. Сега од неа излегува идеализам со кој народот не знае што да мисли.

Прагматичен имиџ

Како и да е, многумина сметаат дека токму Меркел е виновна за тоа што Европа пука по рабовите.

Поделени се и Германците. Во анкета спроведена од телевизијата „ARD“ само 37 отсто од испитаниците сметаат дека Меркел постапила правилно. И не само тоа, додека во другите држави Ангела Меркел ужива имиџ на прагматична и жена која под притисок мирно ги решава проблемите, во Германија на тоа поинаку се гледа.

Што е меркелн?

Постои сленговски израз „меркелн“, глагол изведен од нејзиното презиме и служи како синоним за оној кој „не работи ништо, не донесува одлуки и не изразува мислење“. Нејзината слаба реакција на самиот почеток на кризата само го засилила тој имиџ. Политички гледано, Германија би можела да профитира од оваа криза. Повеќе никој не зборува за строгите германски ставови кон Грција, Украина, за улогата на Германија во скандалот со НСА, туку се зборува за „пријтелското лице на Германија“.