Германците трошат сѐ помалку, трговците очајни

Women housewife with cart shopping in supermarket

Продажбата на мало во Германија во април падна повеќе од очекуваното, бидејќи зголемувањето на цените, особено храната, ја намалува куповната моќ на потрошувачите, а трговците се борат со проблеми со снабдувањето поради карантинот во Кина.

Федералното биро за статистика Destatis денеска објави дека германската малопродажба се намалила за 5,4 отсто реално во април во споредба со истиот месец во 2021 година, додека економистите во анкетата на Ројтерс прогнозирале пад од само 0,2 отсто.

Трговците на мало со храна забележаа пад на продажбата од 7,7 отсто во април, што е најголем за еден месец од 1994 година, кога почна да се води евиденција, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.