Германец го реновирал домот по големите поплави – во ѕидовите пронашол тајна стара 70 години (ФОТО)

Во неодамнешните поплави кои ја погодија Германија загинаа 170 лица, а причинети се големи материјални штети. Кога водата се повлече многу граѓани чии домови беа уништени започнаа да ги реновираат.

Еден од нив беше и германскиот наставник кој по откритието во домот никогаш нема да ги заборави овие поплави.

Имено во текот на санирање на штетите од поплавите во својот дом во Хаген тој открил тајна стара повеќе од 70 години. Од под ѕидовите наставникот Себастијан (39) пронашол нацистички предмет кој датира од периодот на Втората светска војна.

-Прво здогледав стари весници од 1940-та година. Кога ги извадив на подот падна и еден нацистички документ, а потоа и гас маска, револвер, златен орел, позлатени копчиња како и кукаст крст и голем портрет на Адолф Хитлер.

Тој веднаш го известил архивот во Хаген, а тие од неговиот дом изнесоа дури 12 кутии со предмети од Втората светска војна.

Инаку неговата куќа во тој период била канцеларија на Националистичката народна заштита (НСВ) од таа зграда во 1940-та е организирана дистрибуција на гас маски, опрема и храна.

Себастијан и неговото семејство не ни претпоставувале во каков дом живеат, бидејќи истиот го купиле неговите родители во седумдесеттите години од минатиот век.