Германец залутал во касарната Петровец следејќи го ГСП уредот

Жител на Германија вчера попладне бил задржан во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, откако залутал во кругот на касарната.

„На 20.08.2019 во 17.30 часот во Полициското одделение Петровец, од касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец било пријавено дека кај нив бил задржан К.М.О.В.(22) од СР Германија, кој влегол во кругот на касарната. Тој изјавил дека залутал следејќи ги насоките од ГПС уредот. Лицето било приведено во Полициското одделение Петровец за расчистување на случајот“, велат од МВР.