Германија ја избра јужнокорејската стратегија против коронавирусот

За да го спречи преоптоварувањето на болниците, здравствените власти во Германија во борбата против коронавирусот ја воведуваат стратегијата која ја применуваше Јужна Кореја, засновама на помасовно тестирање на граѓаните и сместување на заболентие во карантин.

Честопати наведувана како пример во Европа поради својот пристап кон епидемијата на својата територија, Германија веќе спроведува меѓу 300 и 500 илјади тестирања на коронавирусот седмично, повеќе од сите нејзини европски соседи, особено Франција којашто ги тестира само оние со тешки симптоми.

Владата на канцеларката Ангела Меркел не мисли да запре со ваквата практика, па во документот на министерството за внатрешни работи, кој го објавуваат во вторникот неколку медиуми, се предвидува стратегија според примерот на Јужна Кореја, со не помалку од 200.000 тестови на дневно ниво.

Во иднина така би се тестирале сите оние кои мислат дека имаат Covid-19, како и сите лица кои можеби биле во контакт со забоелните, се наведува во споменатиот документ.

Во овој момент тестирањата во Германија се изведуваат на заболени кои биле во поктакт со позитивно лице.

 

Геолоцирање

Во документот, исто така, се оценува дека геолоцирањето коешто го користела Јужна Кореја, е „долгорочно неизбежно“ за на населението да му се овозможи да ги следи местата на коишто се наоѓаат лицата коишто се позитивни на коронавирусот.

„Јужна Кораја може да биде пример и покрај разликите во културите на двете земји“, оцени во неделата во разговрот за весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung, претставникот на референтниот институт „Роберт Кох“, задолжен за справувањето со епидемијата на коронавирусот во Германија, Лотар Вилер. Притоа особено го истакна „геолоцирањето“.

Во Германија во врска со ова започна жива јавна дискусија, бидејќи прашањето на заштитата на личните податоци за Германците е свето по двете диктатури во XX век.

Јужна Кореја се истакнува како пример последните седмици, бидејќи спроведува масовни тестирања, ги изолира заразените и технолошки ги следи граѓаните за да ги пронајде и тестира лицата со коишто заразените биле во контакт.

Во оваа фаза од епидемијата Германија има 389 почината на околу 52.547 случаи на зараза, што е стапка на смртност од само 0,7 отсто, па ситуацијата ни одблизу не е толку драматична како во другите земји. Влиер, сепак, не исклучува дека земјата на крајот би можела да го доживее „италијанското сценарио“, со болници преплавени од заболени.

Иако Германија има „извонреден здравстен ситем, можеби еден од најдобрите на светот“, според канцеларката Ангела Меркел, пандемијата откри и некои негови слабсоти.

Германија има повеќе од 25.000 кревети со респиратори. Меѓутоа, „последните месеци некои кревети на одделите за интензивна нега се ставени вон функција, бидејќи немало доволно стручен кадар“, вели Рајнхард Бусе, експерт за економија на здравјето при Берлинскиот технички универзитет.

Веќе неколку години непополнети се 17.000 работни места за медицински сестри. Ситуацијата е таква што многу болнички установи, вклучително и берлинската „Charité“, една од најголемите универзитетски болници во Европа, мораа да ги повикаат на помош студентите по медицини или пензионираните медицински работници.

 

Откажувања на операциите

„Дури и пред кризата поради коронвирусот, операциите мораа да бидат откажувани поради недостигот од персонал“, вели Уве Либкинг, задолжен за политиките на пазарот на трудот при Германското здружение на градови и општини.

А кога работните места се пополнети, медицинските сестри мораат речиси четири часа на ден да се справуваат со документацијата, бидејќи Германија доцни во дигитализацијата на административните работи во здравствто, се жалат од Германското здружение на болници.

Притоа се свртува вниманието и на моделот на финансирањето на болниците и клиниките, во кој се плаќа по учинок, со фиксен износ по операции. Воведен во 2003 година, овој модел ги поттикнува установите како на фабричка лента да изведуваат некои операции кои може да се планираат однапред, како што е вградувањето протези за колкови или колена, на штета на итните случаи. Во писмото од 14-ти март, испратено до речиси 2.000 директори на клиники и болници, германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, официјално бара од нив да престанат тоа да го прават.

Вториот голем проблем во земајта чиешто население е сѐ постаро, е заминувањето на голем дел од речиси 200.000 домашни негувателки од Полска, Украина или балтичките земји кои секојдневно помагаат на меѓу 300.000 и 500.000 стари лица, што може да предизвика нова санитарна катасрофа.