Германија ја суспендира процедурата за сертификација на Северен поток 2

Германската Федерална мрежна агенција (Bundesnezagentur) ја замрзна процедурата за сертификација на гасоводот Северен поток 2, што треба да испорачува руски гас во Германија и Европа, јави ДПА.
– По темелна анализа на документацијата, Bundesnezagentur заклучи дека ќе биде можно да се потврди оператор на гасоводот Северен тек 2 само доколку тој оператор е организиран во правна форма според германските закони, се наведува во соопштението на агенцијата.
Тие објаснуваат дека филијалата, формирана да управува со германскиот дел од гасоводот, не ги исполнува условите да биде „независен оператор за пренос“.
Се додека „главните средства и човечки ресурси не се префрлат на филијалата“ и не се потврди овој чекор, постапката за сертификација ќе биде суспендирана, соопшти агенцијата.
По објавувањето, цената на природниот гас се зголеми за речиси шест отсто на 1.048 долари за 1.000 кубни метри

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.