Германија бара одлагање на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас   повика  планираната средба со колегите од Европската унија да биде одложена за следната недела во услови на зголемени тензии на Блискиот исток.

Тој рече дека „Европа сега има важна улога со оглед на ескалацијата на американско-иранскиот судир“.

Мас додаде дека Европа има сигурни канали на комуникација со сите страни што треба да се користат „целосно“ во сегашната ситуација.

Тој изјави дека Германија ќе контактира со Ирак за да ги разјасни односите по гласањето во ирачкиот Парламент за протерување странски трупи, додавајќи дека „ќе ја почитува секоја одлука“.

Германија има околу 130 војници во Ирак како дел од меѓународната мисија за помош и обука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.