Германија без дополнителни мерки тешко ќе ја постигне целта за складирање гас

Доколку дотокот на гасот од Русија преку гасоводот Северен тек 1 во Германија остане на сегашното ниско ниво, Берлин можеби нема да ја постигне својата цел за складирање на гасот до ноември, предупредува во најновиот извештај германскиот регулатор за електрична енергија и гас Bundesnetzagentur.

Доколку снабдувањето со рускиот гас преку Северен тек 1 остане на ниското ниво, нивото на складирање на гасот од 95 отсто до ноември тешко ќе може да биде постигнато без дополнителни мерки, се наведува во извештајот, во кој ситуацијата во германскиот енергетски систем се оценува како „напната“.

Се додава дека намалувањето на снабдувањето од Русија влијае врз преносот на гасот во другите европски земји како Франција, Австрија и Чешка.

Германскиот регулатор изнесува дека од петокот протокот на гасот преку Северен тек 1 на околу 20 отсто од максималниот капаците, а вкупната пополнетост на германските гасни складишта изнесува 70,4 отсто.

Последните неколку седмица намалувањата на количествата на рускиот гас кои протекува низ Северен тек 1 е намален, како што објави руската компанија „Газпром“ поради доцнењето на испораката на гасната турбина од ремонтот во германската компанија „Siemens Energy“. Покрај едната, рускиот регулатор поради прекумерно искористување и неопходност за ремонт го забрани работењето на уште три гасни турбини кои

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој минатата седмица беше во погодните на „Siemens“ во западна Германија каде е сместена во Канада ремонтирана гасната турбина, рече дека Русија го одложува преземањето на турбината и продолжување на нормалната работа на гасоводот. Од „Газпром“ одговорија дека ја немаат добиено целата документација, особено онаа која се однесува на санкциите од Канада, ЕУ и Велика Британија, неопходна за испраќање и на другите турбини на годишен редовен ремонт.

Неколку градови во Германија веќе воведоа неколку мерки за рационализација на потрошувачката на енергијата, за да се помогне во побрзото полнење на складиштата за гасот.