Германија двојно го зголеми извозот на оружје

Германскиот извоз на воена опрема силно порасна оваа година, поттикнат од испораките на оружје за Украина, објави Министерството за економија.

„За шест месеци, до 24 август, вредноста на одобрениот извоз на воена опрема изнесува нешто помалку од 5,1 милијарди евра. Во истиот период лани таа изнесуваше околу 2,9 милијарди евра“ соопшти германското министерство.

Извозот силно порасна бидејќи Берлин ѝ доставува оружје на Украина за да и помогне во одбраната од руските напади, објаснуваат од ова министерство.

Канцеларот Олаф Шолц во понеделникот вети дека Германија ќе продолжи да ѝ помага на Украина „се додека е потребно“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.