Германија ќе ги зголемува минималните пензии

Германската влада постигна компромис за зголемување на ниските пензии. По повеќемесечни тензии околу ова прашање, што можеше да доведе до криза на владата, постигнат е договор со кој се гарантира основна пензија за работниците со ниски плати. Истакнати членови на владејачката коалиција, вклучувајќи ги и канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц, постигнаа договор за време на преговорите што траеја повеќе од шест часа. Основната пензија претставува додаток на пензијата, со што ќе се обезбеди оние што добиваат најнизок приход, да можат да ги покријат своите основни месечни трошоци за живот.

Планот на германската влада ќе ги опфати и вработените со најниски приходи кои се грижат за деца или роднини, без да прецизираат детали. Услов за добивање на оваа парична надокнада ќе биде лицето да плаќа придонеси за социјално осигурување најмалку 35 години.

Планот ќе ги опфати оние чии приходи се помали од 1.250 евра или парови кои не земаат повеќе од 1.950 евра месечно. Ппанот на германската влада треба да стапи во сила во 2021 година.