Германија есенва ќе воведе данок на гас

Германија најави воведување на данок од 2,4 центи за киловат час гас од октомври, за да им помогне на увозниците да не бидат погодени со дополнителни трошоци поради намалените залихи на руски гас.

Високите цени на енергијата станаа доминантно политичко прашање во најголемата европска економија, бидејќи трошоците за живот вртоглаво растат, делумно поради војната во Украина.

Надоместокот беше поставен од Trading Hub Europe, тело формирано од различни дистрибутери на гас во земјата. Тој е наменет да им помогне на увозниците на гас кои треба да купуваат поскап гас од добавувачи, надвор од Русија, и кои затоа ќе претрпат огромни загуби.

Надоместокот официјално ќе стапи на сила на 1 октомври, но се очекува да влијае врз сметките за гас до ноември или до декември, поради регулативите кои ги штитат потрошувачите од промените на цените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.