Германија ги објави просечните плати во 100 професии, намалата е над 1.600 евра

Заводот за вработување на Германија, објави колку изнесува бруто заработката мината година за 100 најпопуларни професии, а според таа листа најплатени биле пилотите, кои заработувале повеќе од 6.150 евра, колку што се платени докторите и ревизорите.

Со најголем износ на заработка следуваат инженерите во градежништвото и електротехниката со 5.246 евра, односно 5.934 евра, додека најмалку платени се продавачите во пекарите, фризерите и рецепционерите, со заработка меѓу 1.600 и 1.900 евра.

Според тој попис, медицинските сестри на геријатрија минатата година заработувале 3.023 евра, лекарите 6.150, архитектите 4.087, а пекарите 3.502 евра.

Медицинските асистенти имале заработка од 2.448 евра, продавачите на пецива 1.839 евра, рецепционерите 1.807 евра, фризерите 1.684 евра и келнерите 1.934 евра.

Багеристите имале во просек 3.421 евра бруто месечна плата, банкарските службеници 4.875, професионалните возачи 2.556 евра, а возачите на автобуси 2.556 евра.

Електричарите на пример, во Германија, минатата година заработувале во просек 3.143 евра, електромеханичарите 3.694 евра, воспитувачите 3.598, а керамичарите 3.003 евра.

Инструкторите за возење имале плата во просек од 2.837 евра, возачите на вилушкари 2.687, водоинсталатерите 3.056, а чистачите на згради 2.080 евра.

Графичките дизајнери во Германија минатата година земале плата 3.322 евра, домарите 2.889 евра, додека за помош дома се заработувало 2.140 евра.

Индустриски службеник примал плата од 3.624 евра, неговиот колега механичар 3.922 евра, додека ИТ експерт бил платен со 4.326 евра.

Правниците се во просек платен со 3.307 евра, благајниците 2.214 евра, автомеханичарите со 3.077 евра, готвачите 2.284 евра, а молерите 2.776 евра.