Германија го мина прагот од 100.000 починати од Covid-19 и достогна рекорд во дневните зарази

Германија го мината прагот од 100.000 смртни исходи како последица од компликации предизвикани од коронавирусната болест Covid-19 и истовремено забележа рекордно висок број случаи на заразата и на седумдневната инциденца.

Податоците коишто рано утрото во четвртокот ги објави референтниот Институт за контрола на болестите „Робер Кох“ (RKI), покажуваат дека бројот на починатите „од или со“ Covid-19, се зголемил на 100.119 лица. Дневниот број на починатите е 351, додека пред седум дена изнесувал 264 смртни исходи.

Бројот на зебележаните зарази со новиот коронавирусот SARS-CoV-2 во еден ден, исто така, првпат надминал 70.000 случаи, односно потврдени се 75.961 коронаинфекции во изминатите 24 часа. За споредба, една седмица порано беа забележани 65.371 нови зарази во едно деноноќие.

Последната седумдневна инциденца изнасува 419.7, што е уште еден рекорден показател од почетокот на пандемијата. Ден претходн изнесуваше 405.5, а една седмица претходно 336.9.

Од RKI објавија дека од почетокот на пандемијата во Германија се заразени 5.573.756 лица. Се верува дека вистинската бројка е далеку поголема, бидејќи здравствените власти се сомневаат дека многу зарази не биле откриени. Вкупно досега во земјата Covid-19 ја прележале 4.744.400 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.