Германија го мина прагот од милион коронаинфекции

Во Германија во последното деноноќие се потврдени нови 22.806 случаи на зараза со коронавирусот, со што земјата го надмина прагот од милион инфицирани лица од почетокот на пандемијата, соопшти во петокот референтниот Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Со последниот показател, Германија влезе во групата од дванаесетте земји кои имаат над милион заразени лица од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа, како последица од компликациите предизвикани од Covid-19, германските здравствени влати потврдиле уште 426 смртни исходи, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на март.

Од почетокот на пандемијата во Германија вкупно 1.006.394 лица се заразени со коронавирусот, а починале 15.586 лица.