Германија го ограничува бројот на работни визи за Балканот

139

Германија наскоро ќе донесе одлука дали ќе бидат продолжени правилата за вработување нискоквалификувана работна сила од земјите од западен Балкан.

Правилото беше воведено во 2016 година и се очекува да важи до крајот на оваа година, а набргу германските политички партии треба да одлучат дали сакаат да го продолжат правилото по истекот на оваа година.

Иако сè уште нема официјални информации, германските медиуми со добри контакти во германските политички кругови тврдат дека правилото ќе биде продолжено, но дека ќе биде воведена годишна квота од 15.000 работници од сите земји од Западен Балкан.

И покрај недостигот одинформации, германскиот весник Welt am Sonntag објави напис  во кој се тврди дека парламентарниата група на конзервативната Унија CDU/CSU, односно партијата од која доаѓа канцеларката Ангела Меркел, ќе даде поддршка за продолжување на оваа одредба, но со воведување квота.

Како што велат во сојузното министерство за труд, управувањето со миграцијата е можно со издавање дозволи, односно визи, во согласност со, како што објаснуваат, потребите на пазарот на трудот, доколку за специфични работни места нема кандидати од Германија или други земји од ЕУ.

Според неодамна објавената статистика, минатиот месец Германија имала дури 600.000 повеќе невработени од претходната година. Сепак, многумина истакнуваат дека напорната физичка работа на градилиштето сè уште не привлекува значителен број Германци и покрај зголемената невработеност, а токму тоа е браншата во која најчесто се вработуваат неквалификувани работници од западен Балкан.

Покрај тоа, како што покажа германската студија, Западен Балкан има квалификувани занаетчии што ѝ се потребни на Германија, а таа земја нема доволно такви луѓе – како ѕидари, водоводџии, електричари, столари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.