Германија го забрани палењето знамиња на други држави

51

Во Германија во иднина ќе биде забрането палењето знамиња на други држави или знамето на Европската унија, одлучи во четвртокот доцна вечерта германскиот парламент Бундестагот.

„Кој во Германија во иднина јавно ќе го запали знамето на некоја странска држава или на ЕУ, може да биде казнер со затворска казна до три години“, се наведува во текстот на законот кој го прифатија пратениците во Бундестагот.

„Палењето на знамиња во јавност нема врска со мирни протести. Ваквите чинови ја разгоруваат омразата и агресијата“, изјави министерката за правда Кристин Ламберт

Притоа министерката укажа и на честото палење и унишување на знамиња, како на пример на Турицја на протести во Германија.

„Во Германија едноставно не смеат да горат израелски знамиња“, рече пратеникот на социјалдемократите Јоханес Фишер во дискусијата во Бундестагот.

Досега кривично беше гонето само уништувањето и навредувањето на германските државни симболи.

Против законот за забрана за палење знамиња на туѓи држави гласаа единствено пратениците од десната антиодоселеничка и европскептична партија Алтернатива за Германија (AfD), кој законот го дожувуваат како „силед урад врз уметноста и слободата на изнесување на мислењето“.
.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.