Германија и Австрија го отфрлаат предлог за буџетот на ЕУ

Германија и Австрија го одбиваат актуелниот предлог за повеќегодишниот буџет на Евероспакта унија и сметаат дека по британското излегување треба да се спроведат реформи, кои ќе ја направат Унијата поконкурентна и поуспешна, изјавија во понеделникот во Берлин канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц.

„По Брегзит мораме да ја јакнеме нашата конкурентност, побрзо да делуваме, ако сакаме да бидеме светски играч. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен истакна дека ЕУ сака да даде поголем геополитички придонес, а тоа е можно само ако бидеме економски силни. Доколку за тоа е потребно да се менува договорот, тогаш сме подготвени“, потенцираше Меркел.

Курц истакна дека го застапува истиот став, нагласувајќи дека е среќен бидејќи е започнат процес на размислување за иднината на ЕУ, кој ќе биде во фокус за време на претседавањето на Германија, од 1шви јули 2020 година.

„Имаме огромна надеж дека ќе можеме да договориме во кој правец ќе се развива ЕУ“, нагласи австрискиот канцелар.

Главна тема на денешниот разговор меѓу двајцата лидери беше буџетот на ЕУ, за кој ќе стане збор и на вонредниот самит на 20-ти февруари. Тие истакнаа дека имаат ист став по тоа прашање.

„Сметам дека финансиската рамка на ЕУ за следниот период претставува голем предизвик кој бара компромис“, изјави Меркел.

Истакна дека за усвојување на буџетот е потребна согласност од сите земји членки, а Германија ќе го одбие предлогот доголку смета дека нејзините интереси не се земени во обѕир.

„Меѓутоа сметам дека сите имаме интерес да се усвои буџетот на ЕУ и со таков став влегуваме во преговори, секако подготвени на компромис, вели германската канцеларка.

Курц, кој и претходно се закануваше со вето, изјави дека Австрија го смета превисок придонесот од 1,1 отсто на бруто домашниот производ (БДП), надевајќи се на нов предлог.

Разлики меѓу Австрија и Германија постојат по прашањето за данокот на ЕУ на финансиските трансакции, односно официјална Виена го отфрла предлогот на германскиот министер за финансии Олаф Шол

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.