Германија – минималната саатница зголемена на 12 евра

Владата на Германија денес ги усвои одлуките за зголемување на минималната саатница на 12 евра од октомври, со што е исполнето клучното ветување на канцеларот Олаф Шолц од минатата предизборна кампања.

Германија има минимална саатница од 2015 година а воведена е на инсистирање на Социјалдемократските странки кои во тоа време беше помал партнер во владејачката коалиција со конзервативците на Ангела Меркел.

Минималната саатница на почетокот изнесувала 8.5 евра, но нејзиниот износ редовно го разлгедува комисијата која ја сочинуваат претставници на синдикатот и работодавците.

– Многу граѓани во нашата земја работат многу, но заработуваат малку. Тоа мора да се промени. За мене ова е еден од најважните закони и прашање на почитување, напиша Шолц на Твитер.

За одлука да стапи на сила, мора да ја потврди парламентот но коалицијата на Шолц во тоа тело има мнозинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.