Германија мора да прими назад мигрант депортиран во Грција

Германија мора да прими назад бегалец кој бил запрен на границата и депортиран во Грција, според преседанската одлука на судот во Минхен.

Невладината организација Pro Asyl објави во средата дека станува збор за прва ваква судска одлука. Пресудата била донесена минатата седмица, а во неа се наведува дека минхенската полиција ги повредила правата на бегалецот.

Таа е донесена една година откако министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер постигна договор со Грција за враќањето на мигрантите кои на територијата на Европската унија првпат влегле преку јужната членка.

Во споменатиот случај станува збор за барател на азил од Авганистан кој во мај годинава со воз ја минал германската граница со Австрија. Германската полиција веднаш решила да го депортира врз основа на Eurodac, базата на податоци на Европската унија која покажала дека претходно се пријавил во Грција.

Германското Биро за миграции и бегалци (BAMF) не било консултирано во овој случај, а на Авганистанецот наводно не му бил овозможен адвоката, тврдат од Pro Asyl. Бегалецот во рок од 48 часа е испратен назад во Грција, каде што бил притворен повеќе од два месеца.

Судот одлучил дека во европското законодавство нема основа за такво делување на полицијата. Имено, службениците на BAMF а не полицијата, биле надлежни за овој случај, утврдил судот.

Од Pro Asyl, исто така, во средата објави дека до 26-ти јули во Грција се вратени 26 мигранти, а двајца во Шпанија со која Германија има сличен договор.