Германија на 15 јуни ќе ги укине контролите на границите

Германија ја отвори границата со Луксембург и ги ублажи мерките на неколку други граници со најава дека контролата ќе биде целосно укината на 15 јуни.

Министерот за надворешни работи Хајко Мас го поздрави отворањето на германско-луксембуршката граница како важен знак дека патувањата во Европа се враќаат во нормала.

Отворањето на границите го означува почетокот на постепеното укинување на граничните контроли кое Германија го воведе во март за да ја сузбие пандемијата на коронавирусот.

„Целта е на крајот Европа да стане она што беше“ додал Мас.

Тој дополни дека ако работите се влошат, тогаш ќе мора да се врати се по старо.

Германија постепено ги намалува контролите на границите со Австрија, Швајцарија и Франција кои, во зависност од развојот на ситуацијата, би требало во целост да бидат укинати до 15 јуни.