Германија не се откажува од работниците од Западен Балкан

36

Олеснувањата за работниците, кога станува збор за правилата за доаѓање во Германија за граѓаните од Западен Балкан се продолжени, пишува весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ), пренесе МИА. Конкретно, станува збор за правила за учество на германскиот пазар на труд кои се однесуваат на граѓаните на Северна Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово, без разлика на стручната подготовка на работниците.

Тие олеснувања постојат од 2016 година, но сега се предлага тие да се продолжат барем до 2023 година.

Во предлог законот, во кој весникот имал увид, е наведено дека работната сила од Западен Балкан и во следните три години треба да има олеснет пристап до германскиот пазар на трудот.

Предлог-законот доаѓа по долги преговори во владејачката коалиција. Германскиот министер за труд Хубертус Хајл неодамна го предложи законот до останатите министри. Според весникот, т.н. Правило за Западен Балкан како решение е копирано од 2016 година, но само е изменет рокот на важење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.