Германија ни наплати со камата за пласман на СП (ВИДЕО)

Најтрофејната европска селекција Германија ни врати со камата за шокот што Македонија им го приреди пред пола година во Дуисбург, па на крилата на европските клупски шампиони Каи Хаверц и Тимо Вернер, „панцерите“ побдија вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ со 4-0 за да го заверат пласманот на Светското првенство во Катер догодина

Чуда против светски великани како Германија еднаш се случуваат, а колку и цела македонска јавност да посакуваше и да се надеваше на нова сензација, макар и на бод, едноставно германската машинерија фудбалски нѐ прегази на тешкиот терен на Арената. Сила имавме за 50 минути да се одбраниме, го имавме Столе Димитриевски кој успеа да фати неколку топки, имавме и среќа во дирекот во судиското надполнување во првиот дел, а потоа експресно во вториот дел попуштивме и сѐ отиде во корист на Германија.

Прво Хаверц нѐ отвори во 50-та минута со рутинска реализација откако лошо се поставивме во одбрана, а сѐ затвори Вернер, кој за утката во Дуисбург сега дупло ни наплати, па со два гола за четири минути, прво во 70-та, а потоа со преубав гол во 74-та минута да ја завери победата. Кога сѐ беше решено Џамал Мусаила на шест минути пред крајот само додаде уште еден гол во нашата мрежа.

Македонија не стигна ни да направи шанса до клучните два гола на Вернер, па Германија практично рутински го одработи мечот во кој влегоме полни со мотиви и огромна мотивација, но сѐ освен дефанзива, многу грешки, лошпа координација не понудивме повеќе.

Од почеток Германците диктираа темпо, притискаа, бараа брз гол, но Макеоднија успеваше да се одбрани, неколкупати со противнапади и да се закани без конкретна завршница, а потоа

Димитриевски за една минута двапати одбрани, прво на Лирој Сане, па на Серж Гнабри од зицер по корнерот, а Вернер погоди дирек во втората минута во судиското надополнување.Од друга страна, Македонија се обиде со противнапади да стигне до шанса и гол, најзрелата на средина од првиот дел ја имаше Елиф Елмас кој биеше по земја на прв дирек, но Ноер одбрани, а сѐ друго не заврши со конкретна шанса после противнападите, зашто Германците успеваа да ја скратат топката на завршното доавање.

Во вториот дел од првата шанса ни дадоа прв гол и тука се распадна сѐ во нашата селекција, па само прашање беше со колку голови ќе си замине Германија, а избројаа до четири откако и Мусиала се запиша во листата на стрелци на шест минути пред крајот.

Извор: Спорт1.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.