Германија обезбеди четвртфинале, Данска пресилна за САД

Германскиот голман Андреас Волф одигра одличен натпревар и со 17 одбрани беше најзаслужен што неговата селекција славеше против Холандија од 33:26.

Волф буквално ја откажа Холандија со своите одбрани и обезбеди четвртфинале за својата селекција.

Со неговите одбрани Германија имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар и на крајот славеше и убедлива победа од седум голови разлика.

Најефикасен кај Холанѓаните беше Смитс со шест гола, но исто така имаше и шест промашување. Во редовите на Германија Кнор постигна девет гола. Вториот натпревар кој се играше вчера донесе убедлива победа на Данска против САД од 33:24.