Германија од 15 јуни дозволи патување во европските земји

33

Германија ќе ги укине предупредувањата за патувања во 26 земји од ЕУ од 15 јуни, рече министерот за надворешни работи, Хајко Мас, додавајќи дека Берлин тогаш ќе донесе одлука за насоки за патување во други земји, вклучително и Турција.

Македонија и другите држави од Западен Балкан не се опфатени во одлуката.

Извор на владата наведува дека на овој чекор ќе бидат вклучени и земји кои не се членки на Европската унија, односно Велика Британија, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Германскиот кабинет се очекува идната недела официјално да одобри насоки за опуштено патување во други земји на ЕУ, затоа што најголемата европска економија полека ги олеснува воведените свои мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.