Германија од утре ќе го намали ДДВ-то

88

Членовите на Долниот дом во германскиот парламент го поддржаа пакетот мерки за стимулирање, што вклучува намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од сегашните 19 на 16 отсто од 1 јули.

Целта на донесените мерки е да се стимулира растот на најголемата европска економија по негативните ефекти на пандемијата на вирусот корона,.

Горниот дом на парламентот, Бундестагот, исто така, се очекува да го поддржи намалувањето на ДДВ, што ќе ја чини владата 20 милијарди евра, како и други мерки, вклучително и исплата на бонуси на семејства од 300 евра по дете.

„Имаме шанса да ја вратиме економијата на патот на раст во втората половина од годинава“, рече министерот за економија Петер Алтмајер пред новинарите.

Стапката на инфлација во Германија се зголеми малку во јуни на годишна основа, според првичните статистики објавени вчера, но сепак е под проектирањата на Европската централна банка (ЕЦБ), што, според „Ројтерс“, дополнително го оправдува пакетот мерки за стимул на економијата.

На месечна основа, усогласениот индекс на потрошувачки цени во Германија се зголеми за 0,7 проценти. Берлинската влада се надева дека пакетот за економска поддршка вреден повеќе од 130 милијарди евра (146,68 милијарди американски долари) ќе и помогне на најголемата европска економија да се врати на патот на раст подоцна во текот на оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.