Германија остро ги критикува американските закани за компаниите вклучени во Северен тек 2

Државниот секретар во германското министерство за надворешни работи Ниелс Анен во интервју за дневниот весник Handelsblatt многу остро ги критикуваше американските сентароти коишто на пристанишните власти во гратчето Засниц му се заканија со санкции поради учеството во завршувањето на гасоводот Северен тек 2.

Тројца американски сенатори во писмото упатено до операторот со пристаништетот во малото германско гратче предупредуваат на санкции од властите на САД против компаниите кои се вклучени во поддршката на изградбата на гасоводот. Во писмото се наведува дека доколку работите бидат продолжени, пристаништетот Засниц ќе се соочат со „финансиска пропаст“.

„Доколку продолжуите да испорачувате стоки и давате услуги и поддршка за проектот Северен тек 2, ќе го уништите идното финансиско опстојување на вашата компанија“, се наведува во писмото на американските власти до пристанишниот оператор „ Fährhafen Sassnitz“, кое на увид го имал весникот Handelsblatt, а кое ги потпишале републиканските сенатори Тед Круз, Том Котон и Рон Џонсон.

На ова извонредно остро реагираше германското министерство за надворешни работи.

„Американската политика на екстериторијални санкции против блиските партнери и сојузници претставува сериозно мешање во нашиот национален суверенитет“, изјави за Handelsblatt државниот секретар во министерството за надворешни работи, Ниелс Анен.

Според него, тонот и содржината на заканувачките писма до германските компании се потполно непримерени. Истакнува дека енергетската политика на Германија и на Европа ќе се утврдува „исклучиво во Берлин и во Брисел, а не во Вашингтон“.

Анен, исто така, вели дека Германија ќе го искористи актуелното претседавање со Европската унија за „јакнење на европскиот суверенитет“, и додаде дека Европа не смее да подлегне на уценувањата.

Проектот Северен тек 2 носи уште две паралелни линии на гасоводо од Русија до Германија по дното на Балтичкото Море. Скандинавските земји дадоа дозволи за поставување на цевководите во нивните ексклузивни економски води, а Берлин и Виена го поддржуваат проектот бидејќи се заинтересирани за сигурни и поисплатливи испорако на енергенсот. Норвешка, исто така, се залага за доворшување на гасоводот, кој е изграден во речиси 93 отсто, зашто нејзината влада поседува 30 отсто од уделот во „Kvaerner“, еден од градителите.

Истовремно помалите балтички земји Литванија и Латвија, а во прв ред Полска и Украина се против Северен тек 2. Украина стравува дека ќе изгуби значителни приходи од транзитот на рускиот гас кон европските потрошувачи, зашто двата проекта Северен тек заедно со Турски тек ја заобиколуваат. Полска, пак, стравува дека на Германија сега ќе ѝ плаќа поскап гас, бидејќи според европската регулатива руската компанија производител не може и да го продава енергенсот, ниту да го гради гасоводот. Тие се поддржани од САД, кои сакаат да создадат услови за испорака на течниот гас во Европа на американските компании, но Берлин забележува дека тој начин на снабдување е далеку поскап.

 

САД провоцираат германски одговор на санкциите

Кон крајот на минатата година САД усвоија ткн „одбранбен буџет“ кој вклучува санкции за компаниите кои се вклучени во градењето на Северен тек 2. Како резултат на тоа, проектот беше запрен, бидејќи швајцарската компанија „Allseas“ го повлече своето специјализирано пловило за полагање на цевките, а од руски „Газпром“ најавија дека ќе продолжат самостојно со завршувањето, и пролетва во Германија доплови едно руско специјализирано пловило а се учекува уште едно.

Меѓутоа, американските сенатори се решителни да го запрат градењето, пишува Handelsblatt, а нивните закани се замислени да ги одвратат компаниите од завршувањето на проектот. Сепак, австриската компанија OMV, фирмата ќерка на BASF – „Wintershall“, англиско-холандската компанија „Shell“, германската „Uniper“ и француската „Engie“, сѐ уште се јавуваат како финансиери во проектот преку заеми.

Досега, како што истакнува Handelsblatt, Европа не успеа ефикасно да се одбрани од американски закани со санкции. Прво САД успеаја да ги избркаат големите европски компании од Иран кои напуштија вносни зделки поради страв од санкциите на Вашингтон, а потоа американската страна успеа пред самиот крај да го запре градењето на Северен тек 2 со кој ќе се удвојат испораките на рускиот гас во Германија. САД тврдат дека тоа Германија ја става во зависна позиција од Русија, владата во Берлин тоа го отфрла но сепак Американците се истрајни во своите настојувања.

Минатиот месец американскиот Конгрес изгласа закон за санкции специјално насочен на запирањето на завршувањето на Северен тек 2. Тогаш сенаторот Круз состави заканувачко писмо, насочени против сопственикот на швајцарската компанија „Allseas“, чиј број ги полагаше цевките за гасоводот. Компанија речиси истовремено го повлече своето пловило од работите.

Поректот од тогаш е во привидно мирувања, иако недостигаат само уште 6 отсто од гасоводот. Русија најави дека ќе продолжи самата да ги положува цевките и по долги пловења со чести менувања на дестинациите во Засниц пристигнаа два специјализирани брода. Пловилата досега изведуваа маневри на испловување, вкотвување на одредени позиции и враќање во пристаништето. Сепак, работите видно не напредуваат, а тоа според пишувањето на германскиот весник, „не може а да не се поврзе“ со тоа што Американците подготвуваат нови закон за санкции против сите кои се вклучени во продолжувањето на градењето. Тој, според сознанијата, ќе ги опфати осигурителните компании, пристанишните оператори, угостителите, а можеби дури и германски функционери.

Весникот Handelsblatt натаму наведува дека САД во својата политика на снакции ја искористуваат економската важност на американскиот пазар и клучната улога на американскиот долар во глобалниот финансиски систем, а дека најефикасното оружје на Европа би била заканата со контрасанкции. Така, се наведува дека ЕУ би можела да им го ограничи пристапот на својот пазар на американските компании сѐ додека САД не се откажат од своите санкции.

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој ги застапува заедничките германско-руски енергетски интереси, неодмана се заложи за споменатата опција на сослушувањето пред Економската комисија на Бундестагот. Сојизната влада во Берлин, меѓутоа, не сака ескалација којашто би значела економска војна.

„Во сојузната влада се согласуваме дека во секој момент стоиме на располагање за разговори за да спречиме ескалација“, изјави на почетокот од седмицава за агенцијата DPA германскиот министер за економија Петер Алтмајер.