Германија планира набавка 30 милиони дози од „Спутник V“

Германија има намера да нарачи вкупно 30 милиони дози од руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, соопштено е во четвртокот по разговорите на сојузната покраина Саксонија и рускиот министер за здравство во Москва.

„Сакаме да купиме трипати по десет милиони дози, во јуни, јули и август“, изјави премиерот на германската сојузна покраина на Саксонија, Михаел Кречмер од Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел по разговорите со рускиот министер за здравство Михаил Мурашко во Москва.

Условот за купување на вакцината, како што истакна Кречмер, вакцината „Спутник V“ да ја добие дозволата за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Во моментов, како што рече Мурашки, една делегација на ЕМА престојува во Москва. „Би било извонредно кога дозвилата би била издадена уште во текот на мај“, додаде рускиот министер за здравство.

Кречмер изјави дека месечно околу половина милиони дози од „Спутник V“ би биле употребени во сојузната покраина Саксонија, каде што како што истакна, довербата во руската вакцина е голема.

„Ќе видиме дали подготвеноста за примање на руската вакцина е исто така голема и на други места“, изјави Кречмер алудирајќи на можните резерви на граѓаните во западните германски сојузни покраини кои се под поголема пропаганда на западните компании кон вакцината која доаѓа кон Русија. Саксонија се наоѓа на истокот на земјата и порано беше во составот на Источна Германија.

Но и западни германски сојузни покраини, како Баварија и Макленбург-Западна Померанија веќе ги започнаа преговорите со рускиот производител на „Спутник V“.

Германската канцеларка Ангела Меркел во стредата ги критикуваше некои земји членки на Европската унија кои ја применуваат вакцината „Спутник V“ и пред ЕМА да издаде дозвола. Тие земји претходно одговорија на сличните напади од Брисел дека на таков чекор се решиле поради потфрлањето на ЕУ во распределбата и недостогот од доволни количества на вакцините против коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.