Германија: По социјалдемократите коалицискиот договор го одобрија и либералите

Германската Либерално-демократска партија (FDP) на вонредниот партиски конгрес во неделата со големо мнозинство од 92 отсто го прифати коалицискиот договор, а со тоа влегување во коалициска влада со Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и Зелените кои претходно го одобрија договорот.

„Овој конгрес нз воведвуа во нов пресуден период во историјата на FDP. Либералите ја преземаат одговорноста за земјата во еден кризен момент. Сакаме да ја модернизираме нашата земја и да ја поведеме напред“, изјави по објавувањето на резултатите од гласањето на конгресот, генералниот секретар на партијата Волкер Висинг.

Претседателот на FDP, Кристијан Линднер претходно позитивно го оцени начинот на кој беа водени повеќемесечните преговори со социјалдемократите и зелените.

„Уште начинот на кој беа водени разговорите ми влеа надежи во тоа дека вистинските промени во оваа земја се можни“, изјави Линднер кој во новата влада веројатно ќе биде министер за финансии.

Обрачајќи им се на делегатите на партискиот конгрес, кој главно се одвиваше виртуелно поради епидемиолошките мерки, Линднер истакна дека многи работи во коалицискиот договор го носта „либералниот печат“, како што се плановите за напредување преку подоброто образование, дигитализацијата на земјата, солидните фининансии, како и стремежот кон промени коишто ќе резултираат со „социјално-еколошко пазарно стопанство“.

Социјалдемократите на вонредниот когрес во саботата со речиси 99 отсто од гласовите на делегатите го прифатија коалицискиот договор. Зелените, пак, до понеделникот го спорведуваат истражувањето на партиската паза, но се верува дека одговорот ќе биде потврден.

Коалицискиот договор би требало конечно да биде потпишан во вторник, а во среда на редовна седница на новиот состав на Бундестагот би требало да го избере актуелниот министер за финансии од SPD, Олав Шолц за нов германски канцелар по 16-годипното владеење на демохристијанската политичарка Ангела Меркел.